ШВАЈЦАРИЈА
Клучни лидери отсутни на самитот во Давос
21.01.2019 11:21
Годинашниот Светски економски форум (WEF) во Давос без дел од клучните глобални играчи.

Американскиот претседател нема да присуствува поради блокадата на владата, а неговиот француски колега Емануел Макрон е преокупиран со протестите на „Жолтите елеци“. Не учествуваат ни лидерите на Русија и Кина, како и петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН. Фокусот на самитот кој трае од 22 до 25 јануари се долгорочните проблеми како климатските промени, опасноста од трговска војна и зголемените тензии меѓу велесилите.
