БЛУМБЕРГ

„Трамп и Ким ќе се сретнат во Виетнам“

21.01.2019 11:23

Функционери од американската администрација планираат вториот самит на претседателот на САД Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Јонг –ун да се одржи во Виетнам, информира Блумберг, повикувајќи се на неименувани извори упатени во подготовките за средбата.

 Февруараскиот состанок веројатно ќе се одржи во Ханој, а во игра се и Дананг и Хо Ши Мин. Трамп во меѓувреме изјави дека се води констркутивен дијалог со Северна Кореја.