ЕНЕРГЕТИКА

Големо поскапување на горивата од полноќ

21.01.2019 14:04

Големо поскапување на горивата од полноќ. Цената на бензините се зголемува за 2,5 денари, на дизелот за 3,5 денари, а екстра лесното масло за домаќинство поскапува за 4 денари.

 Во просек, малопродажните цени се зголемуваат за 7,4 проценти. Литар бензин од 95 октани ќе се продава за 61 денар, а 2 денара поскап е оној од 98 октани. Новата цена на дизелот изнесува 58,5 денари, а екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава за 47,5 денари. Се зголемува и цената на мазутот, и тоа за 3,573 денари за килограм.. Регулаторот го правда поскапувањето со повисоката цена на суровата нафта на светските берзи и повисокиот курс на денарот во однос на доларот.