ЗЕМЈОДЕЛСТВО

Откуп на тутунот без проблеми

22.01.2019 11:00

Откупот на тутунот се очекува наскоро за заврши. Досега се откупени 15 000 тони со просечна цена од 210 денари за килограм или за скоро 7 денари помала од минатогодишната. Експертите велат дека поквалитетниот тутун традиционално се предава подоцна. Инаку проценките се дека родот годинава ќе биде помал од лани.

Досега  се откупени скоро 15 000 тони тутун со просечна цена од 210 денари за килограм, а ислапатени се 94 проценти од преземениот род или скоро 50 милиони евра кои се веќе легнати на сметките на тутунарите.
По завршувањето на откупот кој се очекува набрзо, ќе почне административна обработка на поднесените барањата за финансиска поддршка и контролата на терен, а во април треба да бидат исплатени субвенциите. Лани 26 390 тутунари добија вкупно 28 милиони евра директна финансиска помош од државата.
Според тутунските експерти  годинашнава реколта е помала, и се очекуваат околу 22 000 тони тутун, со понизок квалитет, а откупувачите во земјава пријавиле побарувања од 28 000 тони тутун.
Има потфрлување на квалитетот особено во првата и втората берба поради врнежите и влажноста при процесот на сушењето, па се очекува и цената да биде нешто пониска од ланската просечна од 217 денари.

Методија Трајков