ООН

„Македонија со раст од 3% во 2019 и во 2020“

23.01.2019 16:00

Македонската економија годинава ќе забележи раст од три проценти, се вели во најновиот извештај на Обединетите Нации за ситуацијата и перспективите на светската економија во 2019 -та.

Како клучен фактор за развој на економијата во извештајот се наведуваат пробивот во процесот на приклучување на земјата во ЕУ која очекува годинава да ги отвори преговорите за членство. Се очекува зголемување на инвестициите и на извозот, натамошно намалување на стапката на невработеност, а се препорачува  подобрување на бизнис климата и на пазарот на труд.

Извештајот на ОН  прогнозира раст на македонскиот БДП од три проценти и за 2020 година, а  за лани се вели дека  земјата  ја завршила со раст на БДП од 2,5 проценти , при  невработеност  од  21 насто.