ВЕНЕЦУЕЛА
Мадуро ги прекина дипломатските односи со САД
24.01.2019 12:50
Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека претседателот на Венецуела, Николас Мадуро нема овластување да ги протера американските дипломати, откако го предупреди Вашингтон дека има 72 часа ЗА нивно заминување.

Причина за одлуката е поддршката од САД за венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гуаидо кој се самопрогласи за шеф на државата. Вашингон порача-американските дипломати нема да заминат од Венецуела. Во јужноамериканската држава со денови со одржуваат протести со барања за оставка на претседателот Мадуро.
