ВРЕМЕ
Најмногу снег има на Попова Шапка 76 см
25.01.2019 11:00
Од ноќеска почна да паѓа снег насекаде во земјава, а само на југоисток има врнежи од дожд и снег.

Највисока снежна покривка од 76 сантиметри има на Попова Шапка, 60 на Маврово, 41 во Лазарополе, а 30 во Крушево.
Од 07 часот изутрината е воведена забрана на движење за тешки товарни возила и автобуси на патниот правец Тетово – Попова Шапка.
Во сила се забраната за камиони воведена ноќеска поради обилни врнежи од снег на патот Дебар – Маврови Анови и преку планинскиот превој Стража.
