Пријавување на ново производство на тутун
Од први февруари почнува пријавувањето на новото производство на тутун за 2019-та. Секој земјоделец кој има намера годинава да ја одгледува оваа култура, мора да има евидентен лист кој ќе се користи при откупот за склучување на договор со монополите.

Пред да склучат договори за откуп, најдоцна до 31 март, тутунарите мораат да го пријават новото производство за оваа година.Пријавувањето се врши во министерството за земјоделство, односно подрачните единици каде што е местото на живеењето на производителот независно каде се наоѓаат површините со тутун. Во моментов се подготвува нов закон за тутун, а според сегашниот земјоделците треба да добијат евидентен лист за производство со сите катастарски парцели на кои ќе садат тутун, според типови и количества и кои ќе се внесуваат во регистерот на земјоделските стопанства.
Досега од ланската реколта се откупени повеќе од 15 илјади тони тутун, со просечна цена од 210 денари за килограм.
Според законот превземањето на тутунот мора да заврши најдоцна до 15 март иако годинава може заврши и многу порано.
Методија Трајков
