Продолжен рокот за поврат на пари за камата
Продолжен е рокот за земјоделците кои имаат право на субвенционирање на каматите на банкарските кредити. Ова право можат да го искористат само оние кои користеле средства од ИПАРД програмата. Субвенцијата е 50 проценти од висината на камтната стапка која не смее да биде поголема од 8 отсто.

Сите правни и физички лица кои по 25- ти декември 2016 – та година, користеле средства од ИПАРД програмата и подигнале банкарски кредит, ќе може да добијат финансиска помош во висина од 50 отсто од каматната стапка на годишно ниво за период од 10 години.
Помошта е наменета за кредити кои имаат годишна каматна стапка во висина до 8 проценти. Услов е кредитот да не е повисок од 500.000 евра во денарска противвредност утврдена на денот на склучувањето на договорот за кредит.
Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу 2 поединечни барања по различни мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година.
Сите кои ги исполнуваат условите можат да ги поднесуваат барањата по електронски пат во платежната агенција, а ќе се рангираат според датумот и времето на поднесувањето на документите.
Крајниот рок за аплицирање е продолжен за скоро еден месец односно до 15-ти февруари годинава.
Методија Трајков
