Интерес за закуп на мали земјоделски површини
Голем е интересот на земјоделците да земат под закуп мали државни парцели, особено оние кои граничат со нивните површини. На последниот оглас аплицирале повеќе од 700 земјоделци , а изборот на закупувачите ќе биде по пат на бодување. Државно земјоделско земјиште кое ќе оди под закуп е во речиси сите региони во земјава, а парцелите се до 3 хектари.

Повеќе од 700 земјоделци поднеле барање на јавниот повик за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари. Рокот за поднесување на понуди заврши, сега во тек е проверката на докумнетацијата на понудите и во рок од 40-сетина дена се очекува да се склучат и првите договорите со земјоделците.
На овој јавен повик сите заинтересирани земјоделци, преку подготовка на геодетски елаборат конкурираат за парцели што не се атрактивни и што се со понизок квалитет од 4 до 8 класа, а кои што можат да се искористат за производство. Со тоа сите земјоделци кои сакаат да го прошират своето работење или да почнат нов агробизнис, трееба да склучат договор и да се стекнат со право на користење на земјиштето.
Парцелите за кои што ќе склучат договорите треба да ги искористат за подигање на долгогодишни насади, оранжерии, маслинарници и други земјоделски култури, за ливади, за брзо растечки дрвја, за рибници, за спортско-рекреативни активности и за рурален туризам.
Методија Трајков
