ВАШИНГТОН

Санкции за нафтената компанија на Венецуела

29.01.2019 12:37

Администрацијата на американскиот претседател Трамп соопшти дека ќе ги блокира средствата на венецуелската државна нафтена компанија, во вредност од седум милијарди долари.

 Мерките ќе опфатат замрзнување на какви било средства што венецуелската компанија ги има под американска јурисдикција, како и забрана на американците да соработуваат со фирмата. Воведените мерки се поддршка за венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гуаидо, кој се прогласи за привремен претседател на земјата, а американската администрација го призна како легитимен лидер на Венецуела.