Новo невреме ќе ја блокира Америка

03.03.2014 10:38

Новото Невреме што го зафаќа источниот брег на САД, ќе предизвика нови проблеми во овој дел од Америка.
 
Сите државни служби на подрачјето на Вашингтон денеска се затворени поради најави за нова снежна бура, што ќе го погоди источниот брег на САД.
 
Метеоролозите најавуваат дека ќе паднат 23 сантиметри снег, поради што е одложено гласањето во двата дома на американскиот Конгрес, во Сенатот и Претставничкиот дом.
 
И државните училишта денеска се затворени, како и канцелариите на локалните власти во Вашингтон, поради што градоначалникот Винсент Греј за 11 март го одложи годишниот говор за состојбите во Округот Колумбија.