ЗЕМЈОДЕЛСТВО

Субвенции за рибарстворо

30.01.2019 12:48

Донесена e програмата за субвенционирање на рибарството за 2019 година. Финансиската поддршка за оваа дејност ќе биде скоро 1,5 милиони евра.

Со 1 ипол милиони евра и во 2019 година ќе се финансира порибувањето на езерата и реките и изградбата и реконструкцијата на рибниците.
Исто така субвенции ќе има и за пилот проектите и за развој на нови пазари.
За порибување на Охридско Езеро со подмладок од Охридска пастрмка се предвидени 6 милиони, а за порибување на Дојранското и Преспанското езеро со крап 750 илјади денари.
Субвенции од 1 милион  денари ќе има и за мандрите на Дојранското езеро и капацитетите за преработка на риби.
Од аквакултурата се предвидени субвенции од 49 милиони денари за 50 проценти од инвестициите и за порибителен материјал, во висина 40 отсто од вредноста на набавениот или сопствениот подмладок.
Зголемувањето на производството на риба е тренд во Европа и во светот поради заштита на природните ресурси и отворање на нови работни места.
По склучување на договор со министерството исплатата на парите ќе се врши по реализирањето на активностите.

Методија Трајков