Парламентот изгласа два амандмана за Брегзит
Обединетото Кралство во нов обид да преговара за договорот за Брегзит со Европската Унија, но Брисел не попушта. Лидерите на блокот велат дека ништо не се сменило... Британскиот парламент се изјасни против Брегзит без договор и за алтернативни решенија за планот за границата со Ирска.... Остануваат уште два месеца до официјалниот термин за Брегзит...

Британската премиерка Тереза Меј се подготвува за нова рунда разговори со лидерите од ЕУ откако пратениците во Парламентот поддржаа два од вкупно седумте амандмани за нејзиниот договор за Брегзит, чијашто првична верзија доживеа историски пораз во Долниот дом. Со 317 наспроти 301, беше одобрен амандаманот на пратеникот Греам Брејди за алтернативни решенија во т.н. „бекстоп план“ со кој се избегнува крута граница меѓу Северна Ирска и Република Ирска. Една од опциите е „компромисот Малтхаус“ кој опфаќа продолжување на транзицискиот период до една година и заштита на правата на граѓаните од ЕУ. Мнозинството се изјасни и против Брегзит без договор, но е поделено за методите со кои би се обезбедил ваков резултат.
Тереза Меј • Премиерка на Обединетото Кралство
Домот потврди дека не сака да си заминеме од ЕУ без договор и идна рамка. Се согласувам дека не треба да заминеме без договор. Но не е доволно само да се спротивставуваме на ова. Владата мора уште повеќе да ги зголеми напорите за да добие договор кој би бил поддржан од овој Дом.
Официјален Брисел нема расположение за нова рудна преговори за спогодбата. За Европската унија, сегашниот договор за повлекување е најдобар и единствен начин да се обезбеди уредно излегување на земјата од блокот.
Гај Ферхофштад • Главен преговарач од Европскиот парламент
Нема простор за повторно отворање на договорот за повлекување од проста причина што планот „бекстоп“ е апсолутно потребен и тој е дел од овој договор. Но постои можност да се дискутира за односите во иднина, Европскиот парламент и Европската унија постојано го велат тоа. Задоволен сум што е усвоен еден амандман, активирана платформа од меѓупартиската соработка, кој може да резултира со предлог за поблиски односи од оние што се предвидени во сегашната политика декларација.
Мишел Барние • Главен преговарач за Брегзит од ЕУ
Само ќе потврдам дека Европската унија останува обединета, и остануваме за договорот за кој беше преговарано со Обединетото Кралство.
Поради несогласувањата меѓу Лондон и Брисел за прашањето за Брегзит, аналитичарите сметаат дека е голема веројатноста да се случи сценариото од кое многумина стравуаат – Брегзит без договор. Во таков случај, на 29 март Обединетото Кралство ќе замине од еворопскиот блок без олеснителни околности.
