ЗЕМЈОДЕЛСТВО

Финансиска поддршка за порибување

31.01.2019 12:28

Со 7,5 милиони денари државни пари ќе се финансира зголемувањето на рибниот фонд во Македонија. Порибувањето и годинава е обврска на концесионерите кои ќе бидат субвенционирани за оваа активност и за другите инвестиции во рибарството.

Финансиска поддршка во рибарството ќе се реализира преку порибувањето, изградбата на риболовни пунктови, мандри за лов на риба и рехабилитација на риболовните води и мрестилишта.
Вкупно за оваа намена се одвоени 7,5 милиони денари.Во риболовните подрачја и зони порибувањето ќе се финансира со 100 проценти од прифатливите и одобрени трошоци .
За збогатување на Охридско Езеро со подмладок од пастрмката ќе се потрошат 6 милиони денари, а порибувањето на Дојранско и Преспанско Езеро со крап финансиски ќе се поддржи со 750 илјади денари.
Koрисници на овие субвенции може да бидат регистрирани репроцентри за производство на репродуктивен и порибителен материјал, кои изведуваат вештачки мрест.Барањата за користење на средствата се доставуваат до Министерството за земјоделство најдоцна до 30 април  годинава.
Исплатата се врши врз основа на договор за обазбедување на подмладокот и извршеното порибување.

Методија Трајков