ФРАНЦИЈА

Жртви во напад на Корзика

31.01.2019 12:36

Едно лице загина, а шестмина се повредени откако маж отвори оган и нападна луѓе со нож во Бастија, северна Корзика.

Според властите, шеесетгодишникот извршил самоубиство откако се вратил во зградата каде што живеел. Местото на злосторот е со зголемено полициско обезбедување. Меѓу загинатите е и домарот во објектот, а хоспитализиран е  полицаец. Обвинителството соопшти дека нападот бил извршен поради долготрајна кавга околу куче.