БРАЗИЛ
Речиси сто жртви по уривањето на браната
31.01.2019 12:40
Бројот на загинати по уривањето на браната на рудник во југоисточен Бразил се зголеми на 99 жртви.

259 лица се водат како исчезнати. Поради слаб дожд привремено била прекината потрагата по преживеани. Причините за уривањето на браната, која била изградена во 1976 година, засега не се познати. Слична трагедија во Минас Гераиш се случи и во 2015 година, при што загинаа 19 лица.
