НАТО

Русија да го почитува договорот за ракети“

31.01.2019 12:44

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ја повика Русија да го почитува договорот за ракети од среден дострел од времето на Студената војна, наведувајќи дека руските ракети можат да носат нуклеарни боеви глави и да стигнат до европските градови.

Според договорот за нуклеарни сили од среден дострел (ИНФ) од 1987 година, склучен помеѓу САД и тогашниот Советскиот Сојуз, забрането е производство, тестирање и распоредување крстосувачки и балистички ракети со дострел од 500 до 5.500 километри.