ЗЕМЈОДЕЛСТВО

Нови пари за рибниците

01.02.2019 12:29

Во новата програмата за рибарство и годинава ќе се субвенционира производството на риба и инвестициите во порибувањето на езерата и реките во Македонија. Финансиската поддршка за рибниците во 2019 година ќе биде скоро 1,5 милиони евра.

Аквакултурата претставува одгледување, репродукција и исхрана на риби во рибници, полурибници, кафези, оризишта  и други одгледувалишта на риба.
Зголемувањето на производство на риба е тренд во Европа и во светот за заштита на природните ресурси и отворање нови работни места.
За оваа година субвенциите се наменети за инвестиции во аквакултурата, за проширување, реконструкција и модернизација на постоечките и изградба на нови капацитети, за објекти за преработка на рибите и за нивно складирање и пакување.
 За инвестиции во аквакултурата се предвидени средства во вкупен износ од 15 милиони денари.
Средствата се исплаќаат по принцип на ко-финансирање на 50 проценти од реализираните инвестиции кои можат да се зголемат до 65 отсто доколку се работи млади земјоделци и стопанства кое се наоѓа во ридско-планинските подрачја.
По склучување на договор со министерството исплатата на парите ќе се врши по завршувањето на инвестицијата.

Методија Трајков