Временските услови поволни за земјиделството
Температа на воздухот е на повисоко ниво од просечно за овој период од годината и нагло го топи на снегот, но не се очекува да предизвика штети. Засега временските услови се во корист на земјоделците или барем на оние кои успеаја навреме да го насеат житото.

Врнежите од дожд особено оние кон крајот на јануари дополнително го забрзаа топењето на снегот, но температурите на воздухот беа позитивни и не предизвикаа измрзнувања.
Презимувањето е добро, иако состојбата со есенските посеви не задоволува. Растенијата се наоѓаат во ниска фаза на развој како резултат на задоцнета сеидба и отежнатото поникнување. За разлика од житито пак оваа температура овошките и виновата лоза ги одржува во мирување.
Надпросечните врнежи се добредојдени и за надополнување на влагата во земјата која подолг период недостасува, но и за полнење на вештачките акумулации кои се на многу ниско ниво.
Ваквите временски услови за сите култури кои се наоѓаат во мирување се оценуваат како поволни, вели Ангелко Ангелески агрометеоролог во Управата за Хидрометеоролошки работи, единствено големата влажност на почвата не им дозволува на лозарите и на овоштарите да излезат да работат на отворено и може да им предизвика проблем во наредниот период кога роковите за кроење ќе почнат се повеќе да ги притискаат.
Прогнозираните повисоки температури за неделава не се очекува да предизвикаат предвремено будење на вегетација кај овошките.
