ДОГОВОР ЗА НУКЛЕАРКИ

Спор за нуклеарно разоружување со Русија

04.02.2019 14:31

Се зголемува јазот меѓу меѓу Истокот и Западот за нуклеарното разоружување. Русија и САД се повлекоа од Договорот за нуклеарни сили со среден дострел потпишан од тогашните претседатели Горбачов и Реган.

Аналитичарите и политичарите предупредуваат – пресметката меѓу двете велесили ќе резултира со ново нуклеарно вооружување. Долготрајниот спор меѓу Вашингтон и Москва ескалираше откако американскиот претседател Трамп ја обвини Русија за прекршување на билатералната спогодба од 1987 година. Во документот не се опфатени оружја кои се лансираат од вода или воздух, и правилата не се однесуваат на другите сили како што се Кина, Северна Кореја, Иран и Израел.

Мајк Помпео - државен секретар на САД

Русија го загрозува безбедосниот интерес на САД и веќе не може да бидеме ограничени со Договорот додека Москва бесрамно го прекршува. Доколку за 6 месеци Русија не се врати на целосно и правилно усогласување со пактот така што ќе ги уништи сите проектили со кои ги прекрши обврските од Спогодбата, целиот арсенал и придружната опрема, Договорот ќе биде прекинат.  Посебна благодарност до сојзуниците од НАТО кои беа со нас во мисијата да се зачува владеењето на правото и заштитата на народот.


По потегот на САД, рускиот претседател Путин одговори со реципрочни мерки бидејќи, според него, и Вашингтон одамна ја прекршува Спогодбата.

Владимир Путин - претседател на Русија

Нашиот одговор ќе биде реципрочен. Американските партнери најавија дека го прекинуваат учеството во Договорот, и ние ќе го прекинеме нашето. Најавија дека ќе се посветат на истражуавање и развивање, па и ние ќе го сториме истото. Годинава предлагам да се смени форматот на нашето работење. Знаеме за плановите на некои земји да позиционираат оружје во вселената.

Русија веќе развива хиперсонични ракети со среден дострел како одговор на поставувањето на американскиот ракетен штит на источните европски граници.