ЕНЕРГЕТИКА

Од полноќ, поскапување на горивата

04.02.2019 16:15

Нови цени на горивата..

Малопродажната цена на еуросупер БС-98 се зголемува за 0,5 денари, и изнесува 63,50. Малопродажните цени на еуросупер БС-95 и на екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за денар. Еуросупер БС-95 изнесува 62,00 додека екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава за 48,50 денари за литар. Цената на еуродизел се зголемува за 1,5 денари и ќе изнесува 60.. Според регулаторната комисија за енергетика со оваа одлука се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,41, односно за 2,6 насто.. Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период и курсот на денарот во однос на доларот влијаеа на новите цени на горивата..