ЕКОЛОГИЈА

Зачувување на природниот изглед на регионите

07.02.2019 10:41

Некои од развиените земји им плаќаат на фармерите да го задржат секое дрвце и ритче во нивните ниви за да се зачува автентичноста и биолошката разновидност на рељефот. Причината за оваа мерка е што современото земјоделство во траката за поголемо производство и профит со рамнење и со проширување на парцелите ја загрозува природата и екосистемот.

Современото земјоделство ја деградира животната средина.
За секое зачувано дрво на нивата,одржување на цветните патеки меѓу ораниците и дрворедите, европските фармери добиваат пари од агроеколошките мерки.
На поимер на 10 до 15 метри од дрвото тие треба да постават заштитна зона со природна вегетација која не се ѓубри и прска и се оградува за добитокот да неможе да пасе. Дрвото не смее да се кастри ниту да се отстрануваат паднатите гранки.
Земјоделецот добива пари за загубата од приходот и за не обработување на заштитната зона.
Целта е да се чува природната средина и засолништата на корисните организми и инсекти.
Ваквите недопрени региони ја разубавуваат околината и се еко–системи за развој на оргиналната природна средина, животните и растенијата.

Методија Трајков