БРЕГЗИТ

Средба Јункер-Меј за „Ирската граница“

07.02.2019 10:51

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер во Брисел на средби со британската премиерка Тереза Меј, во обид да се најде решение за несогласувањата околу „ирската граница“.

Меј треба да успее да договори промени во Договорот за Брегзит во делот кој се однесува на границата меѓу Република Ирска и британската покраина Северна Ирска. Со сегашните одредби од Договорот предвидено е „ирската граница“ да остане отворена како што е и сега и за време на преодниот период по Брегзит, предвиден за 29 март. За противниците на ваквото решение во Лондон, пред сѐ, од редовите на Конзервативната партија на премиерката, одредбата би можела Велика Британија да ја задржи предолго врзана за ЕУ. Брисел останува на ставот дека нема да има нови преговори.