САД

Продолжува борбата против Исламска Држава

07.02.2019 10:54

Повлекувањето на американската армија од Сирија не е крај на американската борба, изјави државниот секретар на САД, Мајк Помпео и ги повика сојузниците повторно да се посветат на траен пораз на терористичката група Исламска држава во Сирија и во Ирак.

Американскиот претседател Доналд Трамп очекува формална објава дека Коалицијата што се бори против ИД ја контролира цела територија што претходно беше заземена од екстремистичката група. Според аналитичари на ЕУ, поразот на војската не значи и пораз на идеологијата на Калифатот.