МЕКСИКО

Расте бројот на загинати во пожарот на нафтоводот

07.02.2019 10:58

Бројот на загинати во пожарот на нафтоводот во Мексико се зголеми на 128 жртви.

Причина за експлозијата на нафтоводот Туспан-Тула што се случи пред неколку дена е незаконско сечење на цевката. Новата мексиканска Влада од почетокот на годината започна активна борба против кражбите на бензин. Покрај тоа, сите рафинерии во земјата се во надлежност на војската.