ЗЕМЈОДЕЛСТВО

Субвенции за купување добиток

11.02.2019 10:55

До 28 февруари тече рокот за поднесување на барања за субвенции за набавка на добиток. Сточарите кои ги исполнуваат условите имаат право на враќање на сретствата во висина од најмалку 50 проценти од вредност наинвестицијата или најмногу до 6,5 милиони денари по корисник.

Неповратната финансиска помош изнесува  најмалку 50 проценти од трошоците за набавката на високо стелни јуници,со исклучок на расата буша, и за машки и женски приплодни грла овци, кози и свињи.
Последниот рок за поднесување на барањата е до крајот на овој месец, а субвенцијата е за набавените животни во периодот од 1 септември до 31 декември 2018-та година.
Ставката за ко-финансирање се зголемува и изнесува  55 за млад земјоделец , 60 за неразвиените подрачја па до 75 проценти за вложувањата во тешко достапните рурални заедници.
Аплицирањето е по електронски пат, а еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу по две барања од целата Програма за рурален развој.
Апликациите со ист број на бодови ќе се рангираат според датумот и времето на поднесување на електронското барање.

Методија Трајков