ОВОШТАРСТВО

Пари за подигнување нови лозови и овошни насади

12.02.2019 12:12

Почна пријавувањето за субвенции за нови лозови и овошни насади. Поднесувањето на барањата ќе трае од крајот на овој месец, а земјоделците кои инвестирале во ова производство ќе добиваат до 2,5 милиони денари финансиска поддршка.

До 28 февруари  лозарите и овоштарите ќе можат да аплицираат за финансирање на нови насади подигнати во периодот од 1 септември до 31 декември 2018 годинава.
Субвенциите се од 50 до 75 проценти во зависност дали се работи за млад земјоделец и дали овоштарникот или лозјето се наоѓаат во земјоделски неразвиено подрачје.Право на овие пари имаат евидентираните земјоделци со површина од најмалку 0,2 хектари и со соодветен број садници на културата која е посадена.
Аплицирањето е по електронски пат, а еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу по две барања од целата Програма за рурален развој.Услов за да се добијат парите е овоштарите да имаат и агрохемиска анализа на почвата и платена водарина и пашарина.
Барателите со ист број на бодови ќе се рангираат според датумот и времето на аплицирањето.Барателите кои биле корисници на финансиска поддршка за набавка на трактори преку ИПАРД Програмата и Националните програми за руралниот развој за претходните пет години, не може да аплицираат за оваа мерка.  

Методија Трајков