ЗЕМЈОДЕЛСТВО

Подготвен новиот закон за тутун

13.02.2019 11:05

Собранието ќе расправа за новиот владин предлог на законот за тутун. со него треба да се укинат евидентните листови, а законското решение ќе важи од следната година. Во новиот предлог закон се уредува и пазарот на електронските цигари според европските директиви.

Новото законско решение предвидува укинување на евидентните листови за производството од 2020 година со што ќе се намалат сегашните административни процедури.
Тутунарите ќе треба да склучуваат договори директно со откупните претпријатија. Откупувачот ќе има обврска да го внесе договорот во електронскиот систем за евиденција и податоците да ги достави до подрачните единици на министерството.
Закон за тутун има и нови области кои се однесуваат на несогорливи производи од тутун и електронски цигари, материја која не е уредена со ниту еден постоечки закон,со цел усогласување со европската регулатива и одредување на висината на акцизите за нив кои ќе почнат да се наплаќаат од 1 јули 2019 година.
Новите законски одредби ќе овозможат и склучените договорите меѓу тутунарите и откупувачите да бидат јавно објавени најдоцна до 28 февруари во тековната година.

Методија Трајков