ИПАРД

Зголемен интерес за инвестиции во селски средини

14.02.2019 11:41

За разлика од претходните повици во ИПАРД програмата се повеќе се зголемува интересот за мерката која го опфаќа развојот на бизнисите во руралните средини. Ако досега имаше вкупно две или три барања, сега веќе има инвестиции од 24 фирми кои вложуваат 7,7 милиони евра во селските средини.

Изградба на фотонапонска централа, набавување опрема за ветеринарна станица, за производство на сокови, за пчеларство,  преработка на метал, за производство на мебел, и изградба на рибник се првите бизниси поддржани од ИПАРД 2 програмата .
Со мерката за развој  и инвестиции, во селските средини ќе се ко-финансираат и  изградба и опремување на објекти и сместувачки капацитети за рурален тузирам, за производство на медицински помагала, како и изградба на дом за стари лица.
Вкупно од првиот јавен повик па досега се одобрени 930 проекти со финансиска поддршка од околу 18 милиони евра, а поголемиот дел од овие пари се веке исплатени на корисниците.
До Платежната агенција за првиот огас од Ипард 2 има 590 барања за исплата на завршени инвестиции  од 5 милиони евра.
На вториот оглас кој заврши на 29 јануари пристигнати се уште 65 нови барања за вкупен износ од 16 милиони евра.

Методија Трајков