Убедливи триумфи на ПСЖ и Тотенхем, Рома и Реал идентично
Францускиот претставник имаше одличен настап на Олд Трафорд и славеше со 0:2, со што стана првата екипа од оваа земја што победила на овој терен, нанесувајќи му го најтешкиот европски домашен пораз на Јунајтед.

Фудбалскиот симбол на Манчестер прими два гола за само 7 минути, од Кимпембе во 53-та и Мбапе во 60-та, за првиот пораз на менаџерот Солскјер во 12-тиот меч на клупата на Црвените ѓаволи, а Погба доби два жолти картона и беше исклучен поради што нема да игра во реваншот.
Рома го совлада Порто со 2:1, со головите на Николо Заниоло во 70-та и 76-та минута. Намали Адриан во 79-та. Вторите натпревари меѓу ПСЖ и Манчестер Јунајтед, односно Порто и Рома, се на 6-ти март.
Реал во Амстердам го совлада Ајакс со 1:2, со головите на Бензема во 60-та минута и Асенсио во 87-та, за домашните погоди Зиех во 75-та минута.
Холандската екипа прва постигна гол, преку Таљифико, што беше регуларно поништен од судијата Скомина со помош на ВАР, што беше првата употреба на оваа технологија во ЛШ.
Тотенхем ја совлада Борусија со 3:0 на Вембли, со головите на Сон во 47-та, Фертонген во 83-та и Љоренте во 86-та минута. Реваншите од овие два натпревара се на 5-ти март.
Ливерпул – Баерн Минхен и Лион – Барселона играат на 19-ти февруари, односно Атлетико Мадрид – Јувентус и Шалке и Манчестер Сити на 20-ти февруари.
Бранко Чупески
