Пари за проширување на земјоделските стопанства
Зголемени субвенциите за развој на малите земјоделски стопанства. Фармите ќе се класифицираат во три нивоа и за секое преминување во повисока категорија финансиската поддршка ќе биде поголема. За оваа мерка годинава се предвидени вкупно 35 милиони денари.

Земјоделците и нивните стопанства ќе бидат поделени во 3 категории. За секое вложување за зголемување на производствените капацитети и преминување во повисока категорија ќе бидат субвенционирани со 50 до 90 проценти од инвестицијата.
Во првата група се земјоделците кои имаат површини до 1хектар за овоштарство, фуражни култури и лозарство, потоа обработуваат до 5 хектари за жита и за добиточна храна, а од животни имаат до 4 крави,100 овци,10 кози и 5 маторици. Втората и третата група се за поголеми производствени и одгледувачки капацитети.
Субвенцијата е наменета за земјоделци до 50 годишна возраст и за купување на земјоделско земјиште, набавка на добиток, механизација и опрема, како и изградба и реконструкција на објекти.
Земјоделците треба да имаат деловен план со кој се предвидуваат инвестиции за период од најмногу три години.
Методија Трајков
