Влошени односи со ЕУ по инцидентот со пратениците
Првата меѓународна делегација којашто требаше да го посети привремениот лидер на Венецуела Хуан Гуаидо не успеа да влезе во земјата... Владата на претседателот Николас Мадуро тврди дека се прави заговор против нивниот кабинет... Хуманитарната помош и натаму блокирана на границата со Колумбија... Сенатор од САД во посета на Кукута за поддршка на операциите на Гуаидо.... Кризата во Венецуела високо на агендата на самитот на министрите за надворешни работи во Брисел.

Властите во Венецуела забранија влез на политичка делегација од ЕУ, тврдејќи дека зад посетата се крие заговор. Од Министерството за надвошени работи во Каракас тврдат дека пратениците од Европската народна партија биле информирани претходно дека нема да добијат дозвола за влез. Но притоврените реплицираа дека за планот дознале на пат кон Венецуела каде што биле поканети од опозицискиот лидер Хуан Гуаидо чијшто мандат за привремен лидер е признаен од повеќето земји-членки на ЕУ, Јужна Америка и од САД.
Естебан Гонзалес Понс - портпарол на шпанската народна партија во ЕП
Од овој момент, нашата парламентарна група, која е мнозинство во Европскиот парламент, бара ЕУ да се повлече од Меѓународната контактна група. Доколку госпоѓата Могерини им дозволи на нивните претставници да одат каде што замениците не смеат, таа ќе има проблем да му го објасни тоа на Европскиот парламент.
Противникот на претседателот Николас Мадуро им даде на властите рок од една недела да дозволат влез на хуманитарната помош. Републиканскиот сенатор од Флорида Марко Рубио беше во посета на граничниот град Кукута во Колумбија каде што се блокирани американските пратки. За него, спасот лежи во нови избори.
Марко Рубио - републикански сенатор од Флорида
Ниедна од земјите што го поддржуваат Мадуро не е демократија. На многу од нив им должи милијарди долари и тие само чекаат исплата од корумпираниот режим. Ова што се случува е криза предизвикана од човек и е од епски размери. Не е од национална катастрофа, туку од човек, криминален режим која сака да го изгладнува и убива сопствениот народ пред да се откаже од моќта.
Кризата во Венецуела е меѓу поважните прашања на средбата во Брисел на министрите за надворешни работи на ЕУ.
