Финансиска поддршка за одгледување добиток
Сточарите годинава ќе добијат од државата вкупно 16 милиони евра за одгледување на добитокот. Најголем дел од парите се наменети за одржување на стадата и за продаденото млеко.

Сточарите кои одгледуваат крави ќе добијат по 2 800 денари за животно, односно 3 100 денари доколку одгледуваат од 10 до 50 глави добиток.
Дополнително можат да побараат субвенција од 1 500 денари за женски глави добиток не постари од 12 до 24 месеци до ноември 2019 година кои не се одгледуваат за производство на млеко.
За предадено или заклано говедо во кланица за периодот од мај 2018 до април 2019 година, фармерите ќе добиваат по 1 500 денари.
Овчарите за најмалку 30 обележани овци ќе може да добијат по 1.000 денари за секое животно или по 1100 доколку стадото има од 101 до 500 овци, а за сочувано женско јагне по 700 денари.
Субвенциите се исти и во козарството со услов фармерите да имаат стадо од минимум 10 кози.
Доплатата за предаденто млеко во регистрирани преработувачки капацитети во краварството не се менува, односно останува 3,5 денари, а за овчото и козјот млекоо се зголемува за половина денар и изнесува 4,5 денари за литар.
Методија Трајков
