„Лебедово езеро“ во МОБ
03.03.2014 11:04
Во среда со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе биде изведена балетската претстава „Лебедово езеро“, еден од бисерите на балетската класика.
Во среда со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе биде изведена балетската претстава „Лебедово езеро“, еден од бисерите на балетската класика. „Лебедово езеро“ е во кореографија на гостинот од Украина, Виктор Јаременко, додека во главните улоги ќе настапат првенците: Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили. Во улогата на Ротбарт, Игор Веланоски. Со оркестарот на МОБ ќе диригира, Бисера Чадловска.
