ЗЕМЈОДЕЛСТВО

Субвенции во овоштарството

21.02.2019 09:27

На овоштарите субвенциите им следуваат по 3 основи. Парите се наменети за одржување на овоштарниците, за предаденото овошје во домашните преработувачки капацитети и за подигнување на насади со нови сорти.

Корисници на субвенциите во овоштарството се земјоделските стопанства кои имаат насадени површини од минимум 0,2 хектари.Највисоки се директните плаќања за јагоди одгледувани во контролирани услови кои изнесува 99.000 денари за хектар . По 41.000 денари следуваат за другите видови овошје, а за површини од 1 до 5 хектари поддршката е 50 000 денари за хектар.
За слива и праска имаат право на по 36 000, односно за насади до 5 хектари по 42 600 денари.Помала е субвенцијата за одгледувачите на дуњи, мушмули, калинка, смоква, маслинка,бадем и лешник, од 25 до 30 000 денари во зависност од големината на површината.За оревите и костените годинава  овоштарите ги исполнуваат условите за 15 до 18 000 денари за хектар.
За предаденото овошје во преработувачките капацитети директно или преку регистриран откупувач од  декеври до 2018 до декември годинава следуваат по 3 денари за килограм.
Овоштарите кои ја промениле сората на овоштарникот во 2017 или 2018 година имаат право на дополнителна субвенција од 4 500 до 9 900 денари за хектар во зависност од културата.

Методија Трајков