ШТЕТИ

Опасна болест ги напаѓа модрите сливи

25.02.2019 12:04

Растителната болест Монилинија се заканува да ги уништи насадите со вишни и сливи во Малешевијата. Од оваа габа се заразени скоро сите овоштарници и за неа нема ефикасен препарат. Агрономите препорачуваат промена на сотрите. Штетите се економски и стопроцентни, а на плодовите кои ги напаќа болеста се јавуваат темни дамки и доаѓа до предвремено трулење.

Опасна габа ги напаѓа вишните и модрите сливи во малешевијата.
Присуството на габата монилија ја има кај модрите сливи и кај вишните во речиси сите овоштарници и насади од овој регион.
Монилијата на нашата територијата е појавена минатата година и се манифестира со темни дамки на плодовите, и како следна фаза нивно предвремено трулење со кое се уништува економската вредност на родот.
Земјоделците досега ги имаат употребено сите познати начини и методи за уништување на габата кои се покажале неуспешни.Според агрономите  единствено решение е промена на сортите.
Штетната габа носи долгорочни последици за квалитетот и квантитетот на реколтата  и е главната причина да биде запрен и извозот на традиционалниот руски пазар. Минатат година, беа произведени околу 5.000 тони модра слива, но одвај 10 проценти  беа откупени.
Остатокот од родот, заврши за производство на ракија и на џемови, а овоштарите претрпеа огромни загуби.