ВЕНЕЦУЕЛА

Нови судири на границата со Бразил

25.02.2019 12:10

Судири меѓу демонстрантите и припадниците на венецуелската национална гарда на границата со Бразил. Кампањата за испраќање на хуманитарна помош во саботата, иницирана од САД, наиде на силен отпор кај венецуелските безбедносни сили.... Регионалните лидери на средба во Богота....

Нови судири на границата меѓу Венецуела и Бразил каде што со камења и солзавец силите ги одмерија демонстрантите и припадниците на Националната гарда на претседателот Николас Мадуро.  Во судирите веќе има неколку жртви. Десетици се повредени.

Сакаме да добиеме хуманитарна помош, тоа го сакаме. Нашите семејства страдаат.

Над 20 години страдаме во овој кошмар, но тоа конечно заврши. Не го сакаме Мадуро, мора да си оди. Му ги броиме деновите.

Кампањата за испраќање на хуманитарна помош иницирана од САД и од самопрогласениот лидер на Венецуела Хуан Гуаидо наиде на силен отпор кај венецуелските безбедносни сили коишто, во најголем дел, му се лојални на претседателот на Венецуела Николас Мадуро. Дезертерите во Колумбија и во Бразил стравуваат за својата иднина. Гуаидо претходно им понуди амнестија на војниците кои ќе се придружат во борбата на опозицијата.

Хорхе Ферес Канан - Полковник во армијата На Бразил

Нема разлика ако сте дезертер, поранешен војник или било ШТО друго, третманот е ист. Сега ќе почнат процес за барање на привремен престој или бегалски статус, ќе бидат вакцинирани, па ќе се регулира процесот.

Карлос Едуардо - воен дезертер

Владата на Венецуела мора да сфати дека стравуваме за семејствата. Цивилите можат да стигнат до Бразил и да се третираат како бегалци. Но ако дојде војник, па пак се врати, тој веднаш ќе биде убиен, а не уапсен.

Претседателот на Колумбија Иван Дуке го посети граничниот град Кукута каде што е ПРИвремено затворен преминот. Бара поголем анГАжман на засегнатите страни. Во судирот меѓу Националната гарда на Венецуела и демонстрантите беше запален камион со странска хуманитарна помош.  


Иван Дуке - претседател на Колумбија

Меѓународната заедница има обврска да ги стегне дипломатските ремени, бидејќи диктаторот им ги гори храната и лековите наменети за беспомошните луѓе само за да остане на власт.  

За кризата во Венецуела се расправа и на состанокот во Богота на кој учествуваат, потпретседателот на САД Мајк Пенс, Хуан Гуаидо и групата од Лима составена од јужноамерикански земји.