Поддршка на мали земјоделци и семејни земјоделски стопанства
Со помош на Американската агенција за меѓународен развој и со користење на словачкото искуство ќе се поддржуваат малите земјоделци,но и семејните земјоделски стопанства.

Од ресорот за земјоделство велат дека преку програмата за поддршка на мали земјоделци се опфатени 13 илјади семејства и тие се поддржуваат преку посебни инструменти ,а преку ИПАРД 2 програмата ќе се поддржуваат и семејните земјоделски стопанства.
Љупчо Николовски –министер за земјоделство,шумарство и водостопанство
,,Со самото одделување на мерката обезбедена е зголемена поддршка од 130 милиони денари .Овие земјоделски стопанства се 13 илјади на број .Тие се тие за кои треба да направиме се за да ги задржиме во руралните средини за да не се откажат од земјоделското производство.“
Со ЕУ е усогласено двојно зголемување на поддршката за младите земјоделци во 2020-та ,а ќе се поттикнуваат и таканаречените,, родово сензитивни програми“. Искуството на Словачка покажува дека треба да се подобри положбата на младите фармери затоа што расте просечната возраст на земјоделците. Поради големото влијание на увозните производи врз домашните производители се субвенционираат вложувањата во маркетинг на производите и се поттикнува нивно здружување и организиран заеднички пласман.
Золтан Церге-Асоцијација на млади словачки фармери
,, Малите фарми ги собираат своите продукти до маркетинг органзиациите кои што им додаваат вредност, ги чистат,ги пакуваат,преговараат услови за дистрибуција и склучуваат договори со појаки и поголеми корпорации.“
Здружението на економисти бара зајакнување на поддршката на семејните земјоделски стопанства.
Васко Хаџиевски-Здружение на агроекономисти
,, Иако во Македонија постои озаконета дефиниција за семејно земјоделско стопанство таа досега нема поголема употребна вредност.Особено за вистинските семејни стопанства. Без подлабоко дефинирање на семејните земјоделски стопанства тие не можат да се одвојат од останатите земјоделски стопанства и да си најдат посебно место во политиките ,преку креирање специјални мерки за поддршка.“
Охрабрува што расте интересот за користење на средствата преку ИПАРД 2 програмата .Веќе пристигнале апликации за проекти вредни 30 милиони евра ,а на располагање се 25 милиони.
Свето Николовски
