Затворен воздушен простор, соборени индиски авиони
Пакистанските војници соборија два Индиски воени авиони, кои според нив, влегле во воздушниот простор на државата... Едното летало паднало во Пакистанскиот дел на Кашмир, а вториот авион се урнал на Индиска територија.... Сад и Кина ги повикаа министрите за надворешни работи на Индија и Пакистан воените операции, да ги заменат со дијалог.

Пакистан го затвори воздушниот простор откако армијата собори два индиски авиони. Пилотите се заробени. Едниот е в болница, а вториот во притвор. Најновиот инцидент следува откако соседната земја изврши прекуграничен напад за прв пат по војната од 1971 година.
А.П. Ахарија - директор на аеродромот во Амритсар
Затворен е воздушниот простор бидејќи не смееме да дозволиме полетување поради оперативни причини. Ова се информациите што ги имаме засега.
Мохамед Асад - Заменик- комесар во област Раџаури
Ја следиме состојбата на границата. Сите училишта и институции во радиус до 5 километри беа веднаш затворени.
Седевме дома. Авионот леташе па одеднаш слушнавме силен звук. Луѓето беа исплашени. Кога излеговме, видовме дека е се уништено.
Тензиите се зголемија по самоубиствениот напад од пакистански бунтовници во индискиот дел на Кашмир при што загинаа најмалку 40 припадници на локалната полиција. Конфликтот беше разгорен откако Индија лансираше воздушен напад врз, според неа, база за обука на бунтовници.
Немаме каде да се скриеме. Каде да одиме? Надвор е студено, а внатре не сме безбедни.
На Линијата на контролата не запира бомбрадирањето. На двете страни има силно гранатирање. Народот страда и има многу проблеми.
Индија и Пакистан водат децениски спор за превласт во Кашмир. Со заминувањето на Британците во 1947 година, Кашмир доби можност да се анектира кон една од двете страни, или да остане независно. Тогашниот лидер махараџата Хари Синг избра да остане неутрален, но под притисок од пакистанските муслимански племиња, се спои со Индија. Одлуката резултираше со две војни, и кус, но жесток воен конфликт во 1999 година, кога Индија и Пакистан веќе се прогласија за нуклеарни сили.
