Врвот не чепнат...
Сем што се намали за 175 бода разликата Надал-Ѓоковиќ, врвот останува ист, шпанецот па србинот на светската тениска скала.
Третото место и натаму запоседнато од Вавринка, но бодовно многу далеку од двоецот пред него. Смена напрвавија Дел Потро и Ферер, првиот отиде место подолу на 5-тото, вториот едно погоре на 4-тото. Ротираа и Бердих-Мареј на 6-тото и 7-мото место, тука напредокот го има чешкиот тенисер. Федерер и по освоениорт турнир во Дубаи останува и натаму 8-мо рангиран. Десетката од АТП поредокот ја заокружуваат Гаске и Ѕонга.

Кај дамите списокот на топ 10-ката го предводи 179-та недела во низ Американката Серена Вилијамс, која на вечната листа на врзан примат нај, ја носи на 5-тото место и на исто со нејзиниот идол од детството, Моника Селеш. И натаму во недели водечка во ВТА поредокот останува Штефи Граф дупло и екстра повеќе од Американката, 377 седмици.
Првата 5-ка останува и во овој понеделник иста, по Серена следи На Ли со солидно заостанување од 5 865 бода. Редоследно по кинеската тенисерка изредени до 5-тото место, Радванска, Азаренка па Шарапова. Промените се случуваат тука од 6-тото до 9-тото место каде за две места прогресираат Кербер и Халеп. Јанковиќ оди место подолу на 8-то, а за три оди во минус Квитова. На 10-тото си остана Ерани.
Она што им престои и на тенисерите и на тенисерките е првиот Мастерс од серијата 1000 за годинава, од 6 месецов во Индијан Велс. Како бранители ќе истрчаат на терен Рафаел Надал и Марија Шарапова.