Поддршка на градинарството
Во 2019-та година градинарите имаат право на субвенциите по 3 основи. Финансиската поддршка следува за производството на отворено, за производството во пластеници и во оранжерии, како и за предадениот зеленчук во домашните преработувачки капацитети.

Градинарите кои произведуваат зеленчук на отворено и во пластеници на најмалку 0,2 хектари за куптурата што ја одгледуваат вкупно имаат право на субвенција од 30 000, а 36 000 за поголеми површини, односно од 1 до 5 хектари.
За лубеници, дињи и тикви се планирани по 6 000 денари или 600 денари повеќе доколку имаат површини од 1,5 до 5 хектари.
Висината на директната финансиска поддршка за грав и за спанаќ е 20 000 односно 24 000 денари за помалите градинари со површина од 1,5 до 5 хектари.
Висината на поддршката од 99.000 денари по хектар е за производството од оранжериите, продадено на домашен пазар или извезено во странство во периодот од 1 јануари до 15 мај 2019 година.
За зеленчукот предаден во конзервната индустрија од 26 декември 2018 до 25 декември 2019 година, се добива по 3 денари за килограм.
Малите земјоделци со вкупно површини од 0,2 до 0,5 хектари имаат право на 6 000, а до 1 хектар на 12 000 денари.
