„Не“ за резолуциите на САД и Русија за Венецуела
Советот за безбедност на ОН ги одби резолуциите на САД и Русија за кризата во Венецуела... Претставниците од официјална Москва и Пекинг ставија вето на барањето од Вашингтон за нови избори, а предлогот на Москва со кој се поддржува претседателот Мадуро, не доби доволно гласови....

Иако поддржуваат спротивставени страни во владата на Венецуела, ни САД ни Русија не успеаја да добијат зелено светло во Совет за безбедност на Обединетите нации за поднесените резолуции со кои би се решиле конфликтот и хумантираната криза во Венецуела, предизвикани од економската криза која се проценува како далеку полоша од онаа ЗА ВРЕМЕ НА Големата депресија. Од Вашингтон, ШТО го поддржува самопрогласениот лидер Хуан Гуаидо, предложија слободни и фер избори, додека рускиот нацрт-документ забранува мешање во внатрешните работи на Венецуела и воена интервенција против претседателот Николас Мадуро. Претставниците од Москва и од Пекинг ставија вето на резолуцијата на САД, а предлогот на Русија не доби мнозинска поддршка.
Семјуел Монкада - Амбасадор од Венецуела во ООН
Смешно е што некои земји дојдоа овде и зборуваат дека се загрижени за венецуелскиот народ, а во исто време крада, ограбруваат и ни ги трошат резервите и банкарските сметки во светот.
Василиј Небензја - Руски амбасадор во ООН
САД се виновни за бесрамна пропаганда со цел да го сменат режимот. Состанокот на Советот може да се експлоатира како чекор за подготовка за вистинска, а не хуманитарна интевенција.
Американскиот дипломат потенцира дека нема да запрат активностите за обезбедување на хуманитарна помош за Венецуела.
Елиот Абрамс - Американски претставник во Венецуела
Сега е време за мирна транзиција на демократијата. Противниците на американската резолуција ја пролонгираат маката на народот и продолжуваат да го штитат Мадуро.
Незадоволен од содржината на резолуциите, постојаниот претставник на Индонезија во ОН Диам Триансијах Џани одби да гласа, обвинувајќи ги 15 членки за фијаското во Советот.
Диам Триансијах Џани - Постојан претставник на Индонезија во ООН
Двете резолуции се нецелосни, не се темелни и се преполитизирани. Двата предлога нема да бидат корисни за интересот на народот на Венецуела. Сите дојдовме знаејќи дека нема да псотигнеме консензус за усвојуавње на резолуција.
Гласањето за резолуцииТЕ следува по обидот на Гуаидо, чијшто легитимитет е признаен од 50 земји, да ја внесе хуманитарната помош преку границите на Венецуела со Бразил и Колумбија. ОперацијатА беше попречена од војската којашто и натаму му е лојална на Мадуро.
