Откупот на тутун привршува
Привршува откупот на тутунот. До 15 март целото договорено количество треба да биде превземено од тутунските комбинати...

До средината на март треба да заврши откупот на тутунот. Повеќе од 80 проценти веќе е превземен од монополите кои досега обезбедија 27 илјади од договорените 32 илјади тони тутун.
Просечната откупна цена годинава потфрли. Иако тутунарите се надеваа на повисока од ланската од 182 денари, годинава добија 155 за килограм или за 15 проценти помалку.
Ваквата сосотојба велат од министерството е поради полошиот квалитетот како последица од временски услови, енормните врнежи, високите температури и појава на болести.
Скоро 20 производители побарале дополнителна процена преку Второстепената комисија на три тони тутун, но од нив половината добиле иста или полоша оценка за квалитетот.
Методија Трајков
