РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА
Бензините поскапуваат за 2, дизелот за 1 денар
04.03.2019 14:39
Од полноќ безнините поскапуваат за два денара. Литар ,,Еуросупер БС-95“ ќе се продава за 64,50 денари,додека БС-98 ќе чини 66,50 денари. Еуродизелот и екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за денар и ќе се продаваат за 61, односно за 49,50 денари.Новата малопродажна цена на мазутот ќе биде повисока за 0,619 денари и килограм ќе се продава за 32,847 денари.

Причини за покачување на цените на дериватите се порастот на просечната берзанска цена на суровата нафта за 4,77% и движењето на курсот на денарот во однос на американскиот долар. Од Регулаторната комисија за енергетика појаснуваат дека во последните 14 дена берзанската цена на бензините била зголемена за дури 9,18%.
Свето Николовски
