ЕВРОВИЗИЈА
Промоција на евровизиската песна на Тамара во петок
04.03.2019 18:27
„Proud“(„Горда“), евровизиската песна на македонската претставничка на годинашното издание на Евровизија во Израел, Тамара Тодевска, ќе биде промовирана во централниот дневник на Македонската Радио Телевизија во петок, на Осми март, од 19 часот и 30 минути.

Музиката е авторско дело на Роберт Билбилов, Лазар Цветковски и Дарко Димитров, а текстот го напишаа Коста Петров и Сања Поповска.
Потсетуваме, на сцената во Тел Авив, Тамара ќе настапи во втората полуфинална фестивалска вечер на 16 мај.
