Договори за закуп на земјиште и инвестирање
Склучени се договори со 20 компании за закуп на 1341 хектар државно земјоделско земјиште .Во бизнис плановите фирмите најавиле инвестиции од вкупно 11 милиони евра во наредните 5 години.

На првата јавно наддавање апликантите се натпреварувале за 20 понудени географски целини во 13 региони.При наддавањето компаниите за 2,5 пати ја надминале просечната цена на закупнина од претходните јавни огласи.
Љупчо Николовски –министер за земјоделство,шумарство и водостопанство
,,Склучуваме договори за 1341 хектар расчистена површина .Со реализацијата на овие инвестициски проекти во земјоделството ќе се вложат 11 милиони евра и она што особено е значајно е зголемувањето на просечната закупнина што е постигната со ова јавно наддавање.Ако просекот на сите претходни огласи, во претходните години, се движи помеѓу 90 и 100 евра за хектар, на овој јавен повик за овие склучени договори просечната закупнина достигна 258 евра за хектар.“
Освен примарното производство закупувачите имаат обврска и да инвестираат во изградба на преработувачки капацитет . Со тоа ќе се надминат проблемите околу пласманот на вишокот земјоделски производи .
Кочо Анѓушев-вицепремиер за економски прашања
,,Очекуваме во иднина да биде што помалку продажба на сурови производи, кои што се продаваат сезонски со ниски цени, а што повеќе производство и продажба на производи со додадена вредност во преработувачката индустрија во земјоделството.“
Според најавите во бизнис плановите фирмите ,освен обработување на земјиштето ќе инвестираат и во : винарници, кланични капацитети, млинови, оранжерии, откупни центри .
Свето Николовски
