Најсовремен сточен пазар во Кривогаштани

03.03.2014 11:10

Кривогаштани ќе го добие најмодерниот сточен пазар во Македонија, кој ќе ги задоволува сите европски стандарди. Ќе се простира на површина од 6.000 метри квадратни, а тука ќе има и пасошка контрола, дигитална вага, мини ветеринарна станица, мини кланица, и административна зграда на 3 спрата. И жителите на Кривогаштани, но и трговците кои тука доаѓаат од цела Македонија, дури и од странство, со оваа инвестиција очекуваат зголемување на профитот и продажбата поради подобрените услови на пазарот.

Ова е најголем сточен пазар во цела Македонија, тука доаѓаат трговци на стока буквално од сите градови кај нас, дури доаѓаат и од Албанија. Кога ќе се реконструира овој пазар јас сум убеден дека тука ќе има двојно или тројно повеќе трговци“, вели Јовица Попоски, жител на Кривогаштани.

„Ќе се подобри сега секако ситуацијата, ќе доаѓаат повеќе луѓе, ќе има повеќе пари“, истакна Станко Рујаноски, жител на Кривогаштани.

„Јас сум од Куманово, веќе 10 години доаѓаме тука. Со реконструкцијата на овој пазар очекувам дека и повеќе ќе продавам, затоа што ќе доаѓаат повеќе луѓе“, вели Небојша Ѓорѓевски, трговец од Куманово.

Изградбата треба да заврши за 8 месеци. Инвестицијата чини 16 милиони денари. Оваа инвестиција ќе биде од исклучително значење за развојот на економијата во Кривогаштани.

„Имајќи предвид дека трговијата со добиток е основна дејност за луѓето кои живеат во овие краишта, така што очекуваме сето ова да има сериозен импакт врз целокупниот економски развој, не само за Кривогаштани туку и сите околни места кои гравитираат околу“, рече Билјана Цветаноска Гугоска, Државен секретар во Мин. за Локална самоуправа.

„Со изградбата на овој Сточен пазар очекуваме развивање на трговијата со добитокот. Сточниот пазар е еден од трите водечки во Македонија, а со овој проект ќе биде и еден од најмодерните, со сите европски стандарди кои ќе ги задоволуваат потребите и на трговците и на производителите на стока“, изјави Тони Заткоски, градоначалник на Кривогаштани.

За 1 месец ќе започне и изградбата на паркингот што ќе биде составен дел на сточниот пазар. Тој ќе биде со површина од 3.200 метри квадратни, а инвестицијата е 3.600.000 денари.