Поддршка за домашни раси на добиток
Сточарите кои одгледуваат домашни раси на добиток и оваа година имаат право на дополнителни субвенции. Покрај говедата од расата Буша, финансиски се поддржуваат и овците од расата праменка, домашната балканска коза и домашниот шарпланинец.

Со Програмата за поддршка на земјоделството и оваа година дополнителни субвенции од 2 000 денари следуваат за говедата од домашната расата Буша.
На дополнителни 550 денари сточарите имаат право и за овците од расата праменка и козите од расата балканска .
Корисници на оваа мерка се земјоделски стопанства кои одгледуваат овци и кози и кои имаат стадо од најмалку 50 животни.
Одгледувачите на овци и кози имаат право и на по 3.000 денари за секој домашен шарпланинец.
Шарпланинците треба да имаат микрочип на денот на поднесувањето на барањето.Максималниот број е седум пријавени кучиња по земјоделско стопанство.
Субвенционирањето на овие автохтони раси кои иако не се со голема продуктивност е да се намали ризикот од нивното исчезнување од селата и пасишта во државава.
