ОБЕДИНЕТО КРАЛСТВО

Шкотска и Велс бараат одложување на Брегзит

06.03.2019 11:30

Политичарите од Шкотска и од Велс ги здружија силите за да ја разубедат британската премиерка Тереза Меј да го смени ставот за Брегзит. Парламентот на Шкотска и Собранието на Велс изгласаа идентични предлози со кои се бара пролонгирање на терминот за излез на Обединетото Кралство од ЕУ.

Пратениците сметаат дека периодот до 29 март е недоволен за надминување на сите разлики околку клучните прашања, потенцирајќи дека не прифаќаат сценарио без договор.

За шкотската премиерка Никола Старџен решението може да се бара во компромисен излез со кој Обединетото Кралство би останало во единствениот пазар и цариснакта унија, или во втор референдум за ЕУ. Едно од клучните прашања е границата на ирскиот остров.

Симон Ковенеј - Министер за надворешни работи на Ирска

Сега сме во простор во кој се обдиуваме да обезбедиме појаснување за привремено значи привремено. Другите може да им предложат на нивните парламенти дека нема да бидат бесконечно заглавени против нивната волја. Сега сме во таква фаза. Ќе соработуваме со Мишел Барние преку цела недела, па и за викендот ако треба.

Владата во Лондон и натаму тврди дека договорот е добар и за Шкотска и за Велс. Но премиерката Тереза Меј вети гласање за одложување на Брегзит доколку не биде постигната согласност за нејзиниот договор. Викендов се враќа во Брисел на нови разговори пред гласањето во Долниот дом идната недела.